У последниве денови се отвори дебата што значи зборот „Мрчи“. Самиот Заев кој овој збор го извади од заборав изјави дека не е сигурен дали зборот е Струмички или Македонски, а значел забушаваш или бараш изговори. Сеа да објасниме уствари што значи овој збор.

Зборот „Мрчи“ не е Струмички, а не е ни Македонски, а уше помалце Северњачки као шо прочитав негде, него е Скопски. Зборот потекнуе од времето на СХС, а се веруе дека у Скопје првпат е слушнат коа Поднаредник Мојсило у една Скопска кафана му се обратил на келнерот Шиље со зборовите - Доста бре мрчиш Шиље и донеси још једно унуче, а све поради тоа шо овој секое седнуење му се жалел и го отекуел дека Каплар Аксентије више со месеци му пије домача шљива на рабуш.

Од погоре прочитаното може да закључиме дека зборот „Мрчи“ може да значи „Досадуе“. Значи коа некој досадуе односно отекуе за едно те исто може да му се обратиме на пример со зборовите - Доста бре мрчиш, јајцава лагери ми ги напрај! Или за некој кој се прави паметен без разлика дали е у право или не за него викаме дека мрчи. На пр. - Жено, без разлика шо и да направам ти пак ќе си мрчиш! Или на пр. кога на некој не му е ништо погодено - Добро бе жено шо им фали сеа на тањирите како сум ги измил, еее само да се мрчело!

Значи да резимираме, зборот „Мрчи“ може да значи: досадуе, отекуе. Или за чоек кој пофторуе едно те исто, коа се прави паметен, коа нишо не му е погодено за него викаме дека Мрчи.

1,384

Најчитани вести