Партијата „Единствена Македонија“ обвинува дека власта ја замајува јавноста со палијативни решенија и обвиненија за набавката на мерцедесот, за шамарите во општина Центар, за изборните измами, прислушкувањето, поништувањето изборен материјал, укинувањето на пратеничката плата и одземањето на мандатот на Груевски, за повратот на ДДВ, како и поставувањето на бројчаник.

Едиснтвена Македонија коментира дека сето ова нема допирни точки со одземањето на украдените 5 милијарди евра, а за метлата вели дека на крајот се испоставило оти се работи за обично метличе кое оставило сѐ под тепих.

„Зоран Заев како опозиционер ветуваше дека претходната власт на Груевски украла 5 милијарди евра и сликовито велеше: ‘уништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5 милијарди евра’ и доколку СДСМ формира влада се ќе им биде одземено до последен денар. Народот не гледа никакво фајде доколку и сите обвинети од поранешната власт завршат во затвор а украдените 5 милијарди останат нечепнати“, сметаат од партијата на Јанко Бачев.

Оттука додаваат дека Заев како премиер молчи и трупа големо богатство од позиција на власт за себе и фамилијата.

„Дали Зоран министерот за финансии ќе го реализира ветеното дека власта на СДСМ ќе ги одземе украдените 5 милијарди евра од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ. За Единствена Македонија нема дилема. Одоговорност за грабежот на народни пари мора да има, а украденото од позиција на власт во изминатите 30 години ќе биде конфискувано. Само тогаш Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и државјаните на Република Македонија“, велат од „Единствена Македонија“, преку соопштение.

извор: Makfax

Најчитани вести