Јапонецот Котаро, кој е оженет со Србинка и пишува блог за врската меѓу Јапонија и Србија, а кој се вика „Токио до Србија“ со корисниците на Твитер споедлил едно свое интересно искуство.

Имено, пред шест години Котаро бил на Ада Циганлија и таму видел нешто што го оставило подзинат.

„Видов жесток мачо Србин со огромна тетоважа на десната рака. Во прашање беа четири букви на јапонски. Пишуваше "公衆便所", а тоа значи - јавен тоалет. Не му реков ништо само го поздравив со кренат палец“, раскажал Котаро. 

Ако не сакате и вам некој да ви се смее, пред да истетовирате нешто на туѓ јазик добро отворете очи и едно пет пати проверете.

1

Најчитани вести