Македонскиот премиер, Зоран Заев, падна на колена пред Али Ахмети. Иако тој цело време зборуваше дека ќе го промени владиниот кабинет, па дури и министрите на ДУИ, не успеа да направи таква промена. ДУИ со одлука на Али Ахмети го отстрани само Хазби Лика, а другите не се ни допрени, анализира порталот ТетоваСот.

Инаку премиерот Заев од Валандово обелодени дека сменил само шест министри.

Нов министер за земјоделство, шумарство и водстопанство е Трајан Димовски, на местото на  Љупчо Николовски. Министер за животна средина и просторно планирање ќе биде Насер Нуредини, а ќе го замени Садула Дураку. Министер за култура е Хисни Исмаили, на местото на Асаф Адам, за министер за локална самоуправа е предложен Горан Милевски, наместо Сухејл Фазлиу, министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураку.

Одреден период премиерот Зоран Заев лично ќе го води и Министерството за финансии по разрешувањето на Драган Тевдовски, потсетува порталот.

 

1

Најчитани вести