Американската тенисерка Венус Вилијамс (39) неодамна раскина со момчето Ники Хамонд. Иако не е познато колку време беа во врска, Венус го поведе Хамонд како придружник на свадбата на својата сестра Серена (37) и могулот Алексис Оханијан (36), која се одржа во Њу Орлеанс во ноември 2017 година.

Близок пријател на двојката тврди дека главната причина за разделбата е фактот дека Венус беше 12 години постара од Хамонд и сакаше да основа семејство и да се посвети на мајчинството, што не се вклопуваше во неговите животни планови.

„Тие беа заедно две години и сега раскинаа, но не затоа што не се сакаат. Тие се сакаат и сè уште се пријатели“, изјави нивниот пријател. Но, освен посветеноста на мајчинството, се зборува дека на Венус ѝ е доста од сè.

Инаку, мајката на Хамонд е богатата наследничка Дана Хамонд, а неговото семејство ги поседуваше списанијата „Севентин“ и TV Guide.

извор: Makfax

653

Најчитани вести