Луксузни имоти запленети од водачи на наркокартели се продадени на аукција во Мексико Сити.

Куќите опремени со базени, подземни тунели за бегство, ранчови како и стан во кој бил убиен наркобос, беа ставени на продажба, пренесе Би-би-си.

Мексиканскиот претседател, Андрес Мануел Лопез Обрадор, вети дека профитот од аукцијата ќе биде наменет за оние кои најмногу се погодени од насилството на картелите.

Но, само девет од 27 имоти понудени на продажбата, се всушност продадени.

Според мексиканските медиуми, преку аукцијата биле собрани 56,6 милиони пезоси (3 милиони долари), а очекуваната сума пред наддавањето била 167 милиони пезоси.

Обрадор изјави дека парите ќе им помогнат на сиромашните и маргинализираните заедници во сојузната држава Гереро каде владее насилството.

На крајот на мај, слична аукција акумулираше 1,5 милиони долари од продажба на домови и автомобили на криминалци, вклучувајќи и барем еден поранешен политичар. Меѓу понудените предмети беше и едно луксузно „ламборџини“.

Властите најавија дека повеќе аукции ќе се одржат и во наредните месеци.

Обрадор, кој беше избран минатата година, исто така вети дека ќе го продаде својот претседателски авион за да ги финансира напорите за намалување на илегалната миграција.

извор: Makfax

465

Најчитани вести