Loading..

Министерот за телекомуникации на Иран, Мухамед Џавад Азари Џароми порача преку Твитер дека американскиот сајбер напад на ирански цели не бил успешен, пренесе Ројтерс.

Неговата изјава следи неколку дена по медиумските извештаи за тоа дека Пентагон го започнал долго планираниот сајбер напад, за да го онеспособи иранскиот одбранбен систем за лансирање ракети.

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, рече дека сака да изгради глобална коалиција против Иран, не само меѓу земјите од Заливот, туку и во Азија и Европа.

извор: Makfax

Најчитани вести