Според доставената кратка биографија на министерот за животна средина од редовите на ДУИ, Садула Дураку кој е предложен за нов министер за политички систем тој има познавања од Интернет Експлорер и Мајкорософт офис, а има и солидни менаџмент особини, добар е во работа во група, работа под стрес и комуникативност.

Предлогот за нов министер за култура, Хусни Исмаили од Алтернатива, е професор на Медицинскиот факулттет на Универзитетот во Тетово. Во неговата биографија, покрај школувањето и работното искуство од медицината, наведени се неговите искуства од културата. Под културни активности, во неговата биографија се вели дека бил уредник на книги, организатор на првиот Саем на книгата на приватните албански издавачки куќи, уредник во областа на радиодрами, уредник во изготвувањето на 90 радиоемисии од областа на културата, уредник и раководител на 80 телевизиски документарни програми на албански јазик во Северна Македонија и пошироко, еден од основачите на културно-хуманитарната организација Мерхамет, еден од основачите и член на Управниот одбор на Издавачката куќа „Логос А“ и учесник во бројни активности од областа на културата во РСМ.

извор СДК.мк.

1

Најчитани вести