Стефан Живојиновиќ запеал во “Гранд“, а за Саша Поповиќ имал забелешка која не поминала незабележана.

Имено, додека во студиото била и Александра Пријовоиќ, Стефан им порачал дека обожува да поминува време со синот на Прија и Филип.

- Го гледам, го успивам, супер е се – рекол тој. Саша се обратил на присутните, со што истакнал дека Стефан повеќе ги има карактеристики на таткому.

- Знаеш што, кога го гледаш, е мал Боба. Мајката го учи на се. Мама, но и баба, мислам оваа фејк баба – рекол тој со насмевка па се осврнал на песната на Стефан која кај публиката одлично се котирала.

Младиот Живојиновиќ не го криел задоволството, па пред настап истакнал:

- Одлично поминува песната, почнав со настапи, и секако ќе работиме ова лето – рекол Стефан и го најавил својот хит “Од вечер до утро“, на што челникот на Гранд имал констатација:

- Можеш овде да останиш од вечер до утро, колку што сакаш! Наследникот на Брена на ова не премолчал, туку му порачал:

- Па ова е и мое студио, куме – рекол Стефан, а потоа публиката прснала во смеа.

1

Најчитани вести