Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека до крајот на оваа година ќе започне нов и досега најголем инвестициски и развоен циклус на државно ниво, вреден пет до 10 милијарди евра, кој ќе трае од четири до пет години.

Инвестицискиот циклус вклучува проекти за развој на цела Србија, изјави Вучиќ при посетата на градилиштето на проектот Белград на вода (BNF).
        
Тој проект е предводен од страна на инвеститор од Обединетите Арапски Емирати, а договорот беше потпишан во 2016 година. Владата на Србија ќе биде сопственик на една третина од капиталот на ,,Белград на вода”, кој е прогласен за проект од национално значење.

Најавувајќи го новиот инвестициски цилус, Вучиќ изјави дека парите ќе бидат вложени во големи и капитални инфраструктурни проекти, со очекување дека овие инвестиции ќе го подигнат економскиот раст на земјата за повеќе од пет или шест отсто.

извор: Makfax

366

Најчитани вести