Тело на една 28-годишна девојка било пронајдено од жителите на Дубровник во петокот како плови во морето крај хотелот „Палас“. За жал, екипата на Итна помош можела само да констатира смрт. Безживотно тело надлежните го пренеле на одделението за патологија.

Полицијата добила дојава за телото на девојката во 10 часот во петокот. Како што пишуваат тамошните медиуми, девојката е од Дубровник, а на нејзиното тело нема знаци на насилна смрт, па поради тоа нема основа за покренување постапка потврдила портпаролката на полицијата.

1

Најчитани вести