Минатиот петок , учесникот Сергеј Пајиќ отиде во супер-финалето на натпреварот „Пинк ѕвездички – all stars“. Тој ја изведе песната “Клинка”, но на крјаот од настапот гледачите забележаа дека на Сергеј не му е добро.

Пајиќ, подготвил интерпретација, но исто така и кореографија за оваа песна, а неколкумина забележаа дека воопшто не е добро додека беше на сцената.

Во текот на настапот почнал да чувствува слабост, а откако седна, па легна на земјата, станувањето му беше тешко, па на крајот од песната се забележува неговата фацијална експресија дека нешто не е во ред со него.

Од продукцијата веднаш реагирале и му дале прва помош. Се испостави дека, меѓу другото, Сергеј бил дехидриран.

Поради многуте обврски што ги имал, тој го запоставил своето тело и неговото здравје, и сето тоа доведе до проблеми што се појавија во натпреварот. За среќа тој сега е во добра состојба, пренесуваат српските медиуми.

1

Најчитани вести