Соседот кој повика полиција поради гласна расправија во домот на Борис Џонсон, го брани своето однесување и вели дека секој би требало да го стори истото. „Гардијан“ пишува дека партнерката на Џонсон, Кери Сајмондс била слушната како му вели на Борис Џонсон „да го напушти нејзиниот стан“.

Том Пен изјавил за весникот дека бил загрижен за безбедноста на неговата соседка, откако слушнал навистина гласно викање и удирање, по што настанала тишина. Тој заедно со неговата сопруга тропнале три пати на вратата од соседите, но никој не им отворил па повикале полиција. Пен вели дека се надева оти секој би го сторил истото.

Тој го контактирал „Гардијан“ со снимката, откако “станало јасно дека никој не е повреден”, бидејќи, како што рекол, “сметал дека тоа е од важен јавен интерес”.

“Верувам дека е разумно некој што најверојатно ќе стане наш иден премиер да биде одговорен за сите негови зборови, акции и однесувања”, рече тој.

Во снимката, која ја има „Гардијан“, наводно, Борис Џонсон одбил да го напушти станот и ѝ рекол на жената да се тргне од неговиорт лаптоп, пред да има многу гласен удар.

Како што се наведува, Сајмондс е снимена како му вели на пратеникот дека го уништил каучот со црвено вино, додавајќи: “Вие едноставно не се грижите за ништо, бидејќи сте расипани, немате грижа за пари или за било што”.

извор: Makfax

2

Најчитани вести