Аца Лукас одлучил веднаш да му одговори на Саша Поповиќ, кој во вчерашниот Курир рс.- изјавил дека популарноста на бивши членови на жири во ЅГ паднала откако не се на тоа место.

Пеачот во интервјуто објаснил зошто донел одлука да го напушти најгледаниот ТВ проект, особено истакнувајќи дека не сакал да биде кловн на директорот на Гранд, како и тоа дека падот на Сапа Поповиќ никој неможе да го спречи.

- За тоа дека сме паднале Зорица и јас откога ги напуштивме “Ѕвездите на Гранд“, слушам прв пат. За Зорица незнам, но јас во последната година, фала му на бога, не сум паднал, иако зимата имаше доста смрзнати денови. Но ако паднав во смисла на напуштање на Поповиќ, секако фигуративно, во кариерата, затоа што не сум повеќе член на жирито, тогаш морам да се запрашам каде тоа се манифестирало. Тоа што ќе се откажеш од работата е ништо во однос на тоа кога ќе те напушти чуството за реалност. И јас го сакам Поповиќ и мислам дека и тој погреши што дозволи истиот да го напушти – почнал Лукас и продокжил:

- Заминав од жири поради повеќе причини, приватни, работни човечки и меѓучовечки односи, а најмногу поради тоа што оваа убаво замислена приказна забега во бесмисленост. Имено, сакав со своето искуство и знаење да бидам еден од оние кој ќе биде селектор на идните ѕвезди и големи пеачи, но последната година прераснав во глумец, комичар, да не речам кловн, како и гафовите, поради кои оваа емисија треба да се гледа. За разлика од некои, не влегов во жире за да се дигнам, па затоа не сум можел и да паднам. Не седав таму поради мојата популарност, бидејќи влегов како ултрапопуларен Мојот мотив беше искрен и хуман, без обзир на тоа дека на многу кандидати отворено им зборував дека не се талентирани, затоа што и не беа, но за талентирани секогаш бев најгласен и најмногу за нив се борев. Додека не сватив дека тие деца се потрошен матерјал, а дека ние сме главни глуци, што воопшто не ме итересирало...

Лукас ги подзакачил и колегите од жирито, јасно алудирајќи дека нема убаво мислење за сите.

-Тврдам дека во “Ѕвездите на Гранд“, никогаш немало местење, но ако го иземеме преголемото залагање на поедини членови на жирито за поедини кандидати до таа мерка на радување кога ќе победат, е поголемо од сопствените големи меѓународни победи?!. Зошто толкаво радување, и од кои причини незнам. Се ми стана блуткаво, особено кога тие победници набрзо ги заборавивме дека беа овде. Поповиќ е во право, жал ми е што го напуштив жирито, бидејќи имав поголема цел, но не погрешив јас што си заминав, туку Поповиќ, кој во последната година дозволи да му заминат луѓе со чист образ, а направи да останат, чест на поединци, фарса и глупирање на поединци кои очигледно имаат уште какви не планови кои не се врзани за кариерата на тие деца, туку за сопствените кариери а богами и финансиски. Во емисија со таков формат, подобро речено деформат, не сакам да седам бидејќи немам никаква потреба ни корист. – рекол пеачот и заклучил:

- Ако јас сум паднал, еве ќе се пријавам за следната сезона како натпреварувач, па да пробам да станам. Сакам двајца ментори: и Ѓорѓе и Давид. Не паднавте вие затоа што јас заминав, туку поради тоа што луѓето полека почнаа да сваќаат, бидејќи не сум јас единствен паметен, видоа, и многу други. Не сакаат да гледаат циркус од жири, а се гледа дека кандидатите се статисти и небитни. Затоа вие паѓате, а Лукас замина бидејќи не сакаше да паѓа, а вашиот пад нема да го спречат ни сто Лукаси, ни Јелени, ни Давид ни Голијат. Прочитани сте. Ги поздравувам оние кои ми недостасуваат – Вики, Ана и Босанац.

1

Најчитани вести