Лондонската полиција вчера била повикана во домот на Борис Џонсон и неговата партнерка Кери Симондс, откако соседите наводно слушнале гласна караница. Полицијата подоцна соопшти дека тие се добро и дека немало причина за полициска акција.

Џонсон рекол дека членовите на владјечаката Конзервативна партија не ги интересира зошто била повикана полицијата во неговиот дом.

„Мислам дека не ги интересираат такви работи, освен ако сум виновен. Мислам дека сакаат да сушнат кои се моите планови за земјата и за мојата партија“ рекол Џонсон на собир на Конзервативната партија.

Џонсон е фаворит за наследник на Тереза Меј, тој верува во неговиот став дека за договорот за брегзит со ЕУ може повторно да се преговара.

„Длабоко сум уверен дека со вистинска енергија и приврзаност ќе надвладее здрав разум, но во случај тоа да не се случи, мораме да бидеме подготвени да излеземе. Токму затоа ќе се подготвуваме од сега до 31 октомври за брегзит без договор, ќе добиеме договор кој ни е потребен“ рекол Џонсон.

извор: Makfax

1

Најчитани вести