Целта е ширење на т.н. “Голема Албанија“.

Непознати албански националисти објавиле скандалозна закана и планови во кои наведуваат дека покрај Косово планираат да го заземат трет по ред најголем град во Србија, Ниш.

Имено, на социјалната мрежа Инстаграм се појавила страна под назив “Albanian History“, односно “Албанска историја“ која на дневно ниво изнесува наводни историски факти за Косови и Албанија, и повикува на опсада на Србија испраќајќи заканувачки пораки на Србија и нејзиното население. Така пред неколку дена осамнала слика со мапа на Ниш, која е претворена во албанско знаме, а на фотографијата пишувало “Догодина во Ниш“. Се претпоставува дека се алудира на познатиот слоган “Догодина во Призрен“ од истоимена песна на рап групата “Белградски синдикат“.

Покрај самиот Ниш, сопствениците на профилот направиле попис од вкупен број на албански жители кои живеат во Србија, а спрема бројката во Србија вкупно има 60,543 Албанци кои живеат во неа.

Наведуваат дека во Белград ги има 1252, во Војводина 2251, Бујановац 23,681, Прешево 31,098 и во Медвеѓи 2,252.

Она што е вознемирувачко е тоа што овој профил наведува дека во круцијален момент, албанските жители кои живеат во границите на државата , ќе ги нападнат Србите, со цел на ширење т.н. “Голема Албанија“.

1

Најчитани вести