Ел Чека повторно „бомбардира“ на Фејсбук. Во последните разговори објавени пред неколку часа Ел Чека пишува дека наводно се слуша гласот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и гласот на Артан Груби. Ахмети и Груби наводно се координираат за една вест емитувана на МТВ2, која не му се допаднала на Ахмети, јавува Лајм прес.

Ахмети кажува дека за ова прашање се слушнал и со заменик-директорот Албанец, на кого не му го памти името. Во меѓувреме, Груби вели дека и се јавил на главната уредничка на вестите за да и го објасни случајот и изразува сомнежи дека некој друг пред него ја информирал за емитуваната вест која не му се допаднала на Ахмети.

1,629

Најчитани вести