Пожарникарите, полициските службеници и ветеринарните клиники ги здружија силите за спасување на црвена верверица чија глава беше заглавена во капакот на шахта во Дортмунд, Германија.

Пожарникарите во Дортмунд денеска објавија дека вчера добиле повик дека животното е изложено на опасност на улица од паркот во центарот на градот, пренесува АП.

Кога пристигнале спасувачите, виделе како главата на верверицата ѕирка од отворот на капакот на шахтата.

Првите обиди да го спасат животното биле неуспешни, па затоа целиот капак бил симнат од шахтата и однесен во блиската ветеринарна клиника, а полицијата била повикана да внимава на отворената шахта.

Ветеринарите користеле анестезија за да ја смират верверицата, а потоа ја ослободиле.

Ветеринарите ги лекуваат површинските рани на вратот на верверицата и се очекува дека наскоро таа ќе се врати во дивината.

извор: Makfax

1

Најчитани вести