Андерсон Купер, синот на Глорија Вандербилт, легендарната претставничка на американското високо општеството, наследничка на богатиот железнички магнат Реџиналд Вандербилт, нема да наследи ништо од семејното богатство и тоа воопшто не му пречи.

Вандербилт почина на возраст од 95 години, а неодамна со својот син даде интервју за „Пипл ентеирмент викли“. Во таа пригода, Купер откри дека неговите родители му рекле уште додека бил дете дека нема да наследи ништо од нив.

„Мислам дека моите родители сакаа да ми кажат дека сум пораснал навистина привилегиран и јас бев среќен што тие можеа да ми дозволат колеџ и што немам студентски кредит, но освен тоа, тие ми дадоа до знаење дека потоа треба сам да заработувам за живеење”, рече Купер (48), новинар и раководител на „Си-ен-ен“.

„Секогаш го почитував тоа што го направија моите родители. Ги гледав луѓето кои наследија пари, но тие самите никогаш не постигнаа многу. Парите ги променија. Секогаш мислев дека сам морам да се грижам за себе и тоа треба така да биде, мило ми е за тоа“, изјави тој за „Пипл“.

извор: Makfax

1

Најчитани вести