Loading..

Струмичанецот Ристо Иљашев, по кого семејството трагаше повеќе од еден месец, е човекот кој е пронајден мртов денеска кај браната Турија во Делчевско, дознава „Република“ од неофицијални извори.

Како што за порталот потврдиле од СВР Струмица, таму денеска е пронајдено безживотно тело, а по завршениот увид  на полицијата, телото ќе биде предадено на обдукција.

Телото наводно било пронајдено во буре, но од полицијата засега не ја потврдуваат оваа информација.

Педесет и седумгодишниот Иљашев бил пријавен за исчезнат во СВР Струмица на 7 мај годинава, кој излегол од домот околу 13:30 часот и веќе не се вратил. Семејството постојано апелираше по социјалните мрежи за каква било информација.

Најчитани вести