Една година се зборува дека моделката Кара Делавињ (26) и американската актерка Ешли Бенсон (29), ѕвездата од серијата „Слатка мала лажливка“, се во врска, но тие не сакаа ниту да го потврдат ниту да го демантираат тоа. Меѓутоа, сега одлучија да не кријат повеќе, па откако на социјалните мрежи објавија снимка на која страсно се бакнуваат следуваше уште една потврда дека се во врска.

View this post on Instagram

#PRIDE ?❤️??❤️? @ashleybenson

A post shared by Cara Delevingne (@caradelevingne) on

Според „Дејли мејл”, Кара одлучила јавно да зборува за љубовната врска при добивањето на наградата на Тревор Њујорк Гала во Њујорк. Поводот е нивната прва годишнина.

„Има една специјална личност во оваа просторија, на која треба да ѝ се заблагодарам. Таа знае која е. Таа ми покажа што е вистинска љубов и како да ја прифатам, што беше потешко отколку што мислев. Те сакам, Спринклс“, рече Кара, откривајќи го прекарот за Ешли.

извор: Makfax

156

Најчитани вести