Од „ЕВН Македонија“ инфрмираат дека се планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа во град Скопје поради што без електрична енергија ќе останат делови на Чаир, Кисела Вода, Сарај и Ѓорче Петров.

Во периодот од 8.30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците Орадан Чопела, Аврам Писевски, Менделеева и дел од улицата 1.664 (општина Чаир); во периодот од 8.30 до 10 часот корисниците со парни броеви од улицата Зеленгора во населбата Пржино (општина Кисела Вода); од 9.30 до 13.30 часот корисниците од улицата Иван Козаров, броевите 43 и 45,(општина Кисела Вода).

Од 9 до 14 часот струја ќе немаат корисниците од село Чајлане (општина Сарај), а во
периодот од 9 до 15 часот корисниците од село Волково, подулиците: 20, 22 и 84 во населбата Црквиште (општина Ѓорче Петров).

извор: Makfax

55

Најчитани вести