Погребно претпријатие од Оклахома го обучи тригодишиот златен ретривер Бени за една многу посебна и нималку лесна задача – им носи марамчиња на луѓето што ги изгубиле своите најблиски и ги теши.

„За луѓето, ова е збунувачко место и непријатно време, а неговото присуство ги олеснува стресот и вознемиреноста. Ги сака луѓето, мирен е и нежен, не скока, туку им се доближува на луѓето и им дозволува да го галат“, изјави управителката на претпријатието, Деана Кели, за News9. Таа го донесе Бени од Северна Каролина кога беше преместена на ново работно место.

Бени е сертифицирано терапевтско куче, кое, покрај тоа што носи марамчиња, знае и да клекне, да ја наведне главата, па дури и да се моли.

извор: Makfax

1

Најчитани вести