Маж од Алабама е обвинет дека ја хранел со метамфетамин својата, таканаречена „верверица за напад“, која ја нарекувал домашно милениче. Тој ги негира таквите тврдења, нагласувајќи дека тоа би ја убило.

Мики Полк рекол дека верверицата е злобна и дека касала луѓе, но дека не е дрогирана. Полицијата испитува повеќе обвиненија против Полк, вклучително и оние за поседување дрога, откако по претресот, во кафез пронашла верверица.

Властите тврдат дека на верверицата ѝ била давана дрога за да биде агресивна. Но Полк објавил видео во кое негира дека давал дрога на животното. Тој вели дека метамфетаминот би бил фатален за верверицата.

Полицијата соопшти дека ја ослободиле верверицата по претресот на куќата и по апсењето на обвинетиот.

извор: Makfax

169

Најчитани вести