Во Скадар e запален изборен материјал, a имало и судири на полицијата и граѓаните.

Во овој албански град атмосферата е напната откако синоќа е подметнат пожар во училиштето во кое се наоѓал изборен материјал за локалните избори.

 

Изборите беа закажани за 30 јуни, но албанскиот претседател Илир Мета ги одложи поради актуелната политичка ситуација.

Мета го поништи указот за одржување на локалните избори во земјата на 30 јуни, но албанскиот премиер Еди Рама ја продолжи предизборната кампања, ветувајќи им на граѓаните дека закажаните избори никој не може да ги одложи.

Централната изборна комисија на Албанија почна да го доставува изборниот материјал во општините, но синоќа во Скадар е запален објектот во кој бил сместен материјалот. Тој целосно изгорел, а предизвикана е и материјална штета на објектот.

Имало и судир меѓу полицијата и граѓаните кои ја блокирале интервенцијата на противпожарната единица.

Во градот Тропоја е украден и фрлен изборниот материјал, и исто така избил судир меѓу полицијата и поддржувачите на опозициската Демократска партија во местата Билишта, Бурел, Каваја, како и во местото Камза, каде е повреден еден полицаец.

По барањето на градоначалниците од опозицијата да се „ослободат“ просториите одредени како гласачки места, како и просториите во кои е сместен изборниот материјал, албанската полиција донесе одлука за обезбедување на тие локации.

Во албанскиот парламент утре по итна постапка ќе биде усвоен закон кој предвидува пресуда и забрана за напуштање на земјата во траење од 5 до 10 години за секој кој ќе изврши изборно кривично дело.

Ова го најави премиерот Еди Рама како предупредување за опозицијата и нејзините симпатизери, кои ги напаѓаат просториите каде што е сместена изборната комисија и каде има изборен материјал.

извор faktor.mk

5

Најчитани вести