Министерството за надворешни работи за приказната на Алфа за фактура од повраток на данок на македонски турист неодамна вратен од Грција, зошто во графата за тоа од која земја е лицето кое бара повраток на данок, не стои целото име во кое се содржи зборот Македонија, ами само РОНМ, што е скратеница од новото уставно име на државата, ќе одговорело во текот на утрешниот ден.

Ако во графата на “држава” односно  “Country” сега стои РОНМ, на речиси сите интернет вести, меѓунардони конференции, наместо граѓани на Република Северна Македонија стои северно-македонци, што според договорот од Преспа е погрешно.

Непосредно по потпишувањето на договорот претставниците на Владата ги убедуваа македонските новинари дека ова нема да се случи, па дури и дадоа упатство за како да се имплементира преспанскиот договор во медиумите.

Во упатството стои :

Придавката „македонски/o/a” да се употребува кога е поврзано со етнички и културен идентитет за народот,  нашиот јазик, историја, култура, наследство, територија и останати особености. Ваквите термини во овој контекст се особено различни од оние што се употребуваат и се поврзани со регионот на Македонија во Грција.

Правилни примери: Македонски етнички идентитет, Македонски јазик, Македонска култура, Македонска територија, Македонски народ, Македонска историја, Македонски планини, Македонска литература, Македонско кирилско писмо, Македонска храна, Македонски цркви итн.

Неправилни примери: Други придавки,  вклучително и „Северно македонски”,  „С. Македонски” и „СеверноМакедонски”, не треба да се употребуваат.

Од МНР велат дека по нивното укажување на непочитувањето на ова упатство, најголем дел грешки се отстрануваат. Од министерството за порталот МКД.МК велат дека анализата покажувала дека најголемиот дел од грешките во медиумите биле ненамерни.

До овој момент е реагирано на околу 120 текстови на медиуми, НВО-а, тинк тенкови, државни институции… Во најголем дел промените се веќе направени, кај некои сѐ уште се чека на промена. Анализата покажува дека најголемиот дел од грешките се ненамерни и со оние организации со кои стапуваме во контакт, промената ја прават релативно брзо. Тимот кој работи на ова секојдневно ги следи медиумите за потенцијални грешки во однос на придавката и врз основа на тие информации, соодветно и редовно реагираме“, се вели во одговорот на МНР за МКД.мк.

Инаку вчерашниот ден е одбележан како една година од потпишување на Преспанскиот договор.

3,910

Најчитани вести