Дождот кој кратко врнеше во Скопје, но беше пороен направи проблеми.

Невремето особено на своја кожа го почувствуваа жителите на Кисела Вода каде во некои населби во општината дури беа поплавени домови.

Според постовите на Фејсбук жителите велат дека биле поплавени куќи во близина на патот за „Теферич“, додека Општината Кисела Вода и градоначалникот Филип Темелковски никаде ги немало и не реагирале.

Следниот пост е од еден надвозник во Кисела Вода кој буквално се наполнил со вода и било отежнато движењето со коли, додека надлежните од Град Скопје и општината не реагираат на проблемите на жителите.

801

Најчитани вести