Најновиот филм на Адам Сендлер „Мистериозно убиство“ го урна рекордот на Нетфликс, кога станува збор за бројот на луѓе кои го погледале објави „Индепендент“.

Сенделр, кој пред две години го потпиша својот втор четиригодишен договор со Нетфликс, се здружи со Џенифер Анистон во комедијата за двојка од Њујорк, која се вплеткува во мистерија околу смртта на постар милијардер, за време на патување низ Европа

Иако критичарите веќе долго време не го фалат Сендлер, публиката очигледно го обожава, особено онаа на Нетфликс. Според пишувањето на „Варајати“, во само три дена, филмот на Нетфликс го прегледале речиси 30,9 милиони корисници. Досега рекордот го држеше филмот „Брајт“ на Вил Смит, кој во првите рти дена го прегледале 11 милиони луѓе.

Важно е да се напомене дека се бројат само прегледите на корисниците кои изгледале 70 отсто од филмот.

извор: Makfax

639

Најчитани вести