Прислушуваните разговори кои ги објави германскиот весник Билд индицираат дека кражбата на изборни гласови во Албанија била планирана и извршена под раководството на премиерот Еди Рама.

Ова го тврди пратеникот на Демократската партија Агрон Шехај приложувајќи графички приказ на кражбата на гласови и имињата и функциите на сите инволвирани во шемата.

Скандалот со купување гласови беше поводот поради кој Албанија нема да може да започне преговори со ЕУ блокирајќи ја на тој начин и Македонија. Според Шехај целата шема за купување гласови е организирана од владата во Тирана.

Кражбата на гласовите е планирана и изведена операција во координација и под раководство на Еди Рама, тврди Шехај.

Во аудио материјалите што ги објави “Билд” меѓу другото се слуша шеф на албанска криминална група како договара купување на гласови а за возврат бара да биде на листа на пратеници на социјалистите на Рама. Албанското обвинителство ја потврди веродостојноста на снимките.

2,019

Најчитани вести