Италијанката Џузепина Робуки, која според наводите на властите, беше најстарата личност во Европа и втора најстара во светот, почина денес на 116-годишна возраст.

Робуки живееше во населбата Поџо Империјале, на југот на Италија, место каде и беше родена на 20 март 1903 година, пренесува италијанската агенција АНСА.

Роберт Јунг од Геронтолошката истражувачка група, чие седиште е во САД, рече дека Робуки е последната личност родена во Европа во 1903 година, објави АП.

Таа беше само два месеци помлада од најстарата личност во светот, Кане Танака од Јапонија, која е родена на 2 јануари 1903 година.

Робуки имаше пет деца, девет внуци и 16 правнуци. На листата на луѓе кои живееле најдолго, Робуки се наоѓаше на 17. место.

извор: Makfax

308

Најчитани вести