Апликацијата преку својот мобилен телефон, на 1 јули, ќе може да ја симнат сите граѓани над 15 години, со важечка лична карта и трансакциска сметка. Условот е да бидете регистрирани на системот на УЈП е-пероснален данок.

Потоа се врши регистрација и се креира лозинка. Апликацијата потоа станува активна и граѓаните ќе може да ги скенираат сметките, но тие не смеат да бидат постари од 10 дена.

Највисоката сметка која ќе може да се скенира на апликацијата е до 30 илјади денари.

Пресметките на власта покажуваат дека за три месеци, едно лице може да добие најмногу 1 800 денари.

За една сметка од илјада денари ДДВ-то кое се плаќа е 180 денари. Од тие пари граѓаните ќе добијат 15% или околу 27 денари.

Исплатата ќе се врши на секои 3 месеци, а првите пари на сметките на граѓаните ќе легнат во декември.

За парите да не одат кај богатите слоеви, власта постави и лимит.  Околу 28 илјади денари најмногу, годишно може да добие едно четиричлено семејство преку мерката поврат на 15% од платениот ДДВ.

За овие пари граѓаните нема да плаќаат персонален данок. Целта на мерката е да се сузбие сивата економија и да се вратат парите кај граѓаните.

По основ на данок - предвидено е во државната каса да се слеат околу 250 милиони евра повеќе, а за возврат од буџетот кај граѓаните годишно да се вратат 50 милиони евра.

2

Најчитани вести