Музичкиот продуцент и диџеј Лесли Андре Вејкфилд, познат како Диџеј Офишл, е убиен среде улица во Лос Анџелес.

Според американските медиуми, музичарот седел во кола со уште еден маж, кога друго возило застанало покрај нивното и напаѓачите почнале да пукаат во нив двајца. Продуцентот починал на самото место, а другиот маж е во болница и неговата состојба е стабилна.

View this post on Instagram

#10summers

A post shared by OFFICIAL-10Summers (@prodbyofficial) on

Дваесет и шестгодишниот Офишл е познат по соработката со многу рапери и музичари, меѓу кои и Карди Б. За работата на нејзиниот албум „Invasion of Privacy“, кој тој го продуцирал, Офишл годинава доби Греми награда.

извор: Makfax

6

Најчитани вести