Доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 21.2% од гласовите, а СДСМ 19,5%, покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа, за ДУИ би гласале 4.6% од гласачите, за Алијансата 2.9%, 1% за БЕСА и 0.4% за Алтернатива.

Опозицијата има убедлива предност кај етничките Македонци.

Анкетата покажува дека меѓу гласачите од македонска етничка припадност ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 27.8%, а СДСМ од 22,6%. Кај етничките Албанци очекувано доминира ДУИ но одлично се држи и СДСМ.

За ДУИ гласаат 19,2% од етничките Албанци, а за СДСМ 9.8%.

Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ кај албанската заедница изнесува 0,8%.

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе едно кратко истражување во периодот помеѓу 14 и 16 Јуни 2019 на 1119 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови околу нивната поддршка на политичките партии. Целта на истражувањето беше да се анализира ефектот од резултатите од претседателските избори врз поддршката на политичките партии.

 

2,367

Најчитани вести