Од 1 јули, 15% од платениот ДДВ се враќа кај секој граѓанин со наполнети 15 години. Денеска Управата за јавни приходи заедно со премиерот Зоран Заев и со министерот за финансии Драган Тевдовски го најави почетокот на мерката.

Во изминатиот период, тим составен од Управата за јавни приходи заедно со Министерството за финансии работеше на креирање на модерен, брз, ефикасен и едноставен начин преку којшто граѓаните ќе може да го искористат своето право за поврат на ДДВ.

Од 1 јули, фискалните сметки веќе нема да претставуваат парче хартија коешто ќе ги потсетува граѓаните само на парите коишто ги потрошиле, туку и на парите коишто ќе им се вратат.

По стартот на ,,Поврат на 15 % ДДВ кај граѓаните” на секој граѓанин ќе му биде навистина важно дали фискалната сметка во нивните раце е валидна или пак за производот кој што го купиле, некој им издал незаконска фискална сметка и со тоа им го ускратил правото да остварат враќање на ДДВ.

Апликацијата ,,МојДДВ” којашто граѓаните ќе ја користат од 1 јули, дозволува скенирање само на валидни фискални сметки. Со скенирањето на баркодот, системот на Управата за јавни приходи ги вчитува сите податоци од фискалната сметка, додека незаконските, компјутерските сметки системот нема да ги препознае. На овој начин граѓаните ќе знаат дека тој кој им издал ваква сметка им го ускратил правото да им бидат вратени пари како заштеда, еднакво како и даночните обврзници коишто не издаваат фискални сметки.

,,Затоа веруваме дека благодарение на оваа мерка, Управата за јавни приходи и граѓаните ќе станат партнери во борбата против сивата економија. Преземајќи ја улогата на инспектори, граѓаните ќе инсистираат на издавање на фискални сметки и дополнително ќе избегнуваат да купуваат на места кадешто фискални сметки не се не се издаваат, и истите може да ги пријават во Управата за јавни приходи.Мој данок, моја заштеда е мотото на оваа мерка. Со плаќањето данок, граѓаните вложуват во напредокот на државата. Сега за прв пат дел од ДДВ-то се враќа назад кај нив и токму затоа граѓаните не заслужуваат и не смеат да толерираат неиздавање на фискални сметки или издавање на неважечки фискални сметки”, велат од УЈП.

извор: Makfax

4

Најчитани вести