Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, а сега само пратеник Александар Кирацоски најави дека ќе тужи пет информативни портали: Вечер, Курир, Република, Економски и Нетпрес -  од кои три од нив се во најчитаните пет во Македонија за објавување лажна вест - дека тој за две години државна работа успеал да изгради голема куќа и да вози автомобил Опел од 50.000 евра.

Според Кирацоски тоа била лажна вест. 

Веста, инаку, не потекнува од ниту еден од наведените портали туку е цитат и преземен фејсбук статус од Душко Илиевски - Млекарот кој ова го објавува и поткрепува со фотографии. Изворот во објавите на наведените портали е наведен и документиран. Но, Кирацовски не му се обраќа на тој што ја објавил веста, Душко Илиевски - Млекарот, туку на порталите кои ја пренеле. Веруваме, дека се плаши од Душко Илиевски кој, патем, по најавата за тужби на порталите му се обрати директно на Кирацоски со барање него да го тужи, а тој ќе му ги објави и документите за градба на куќата и рекет на компании. 

Очигледно, Кирацоски е лут на овие портали, а не вознемирен поради обајвената вест па само ја користи приликата за закани. А заканите од функционери на СДСМ до новинари и медиуми се чести, доведоа и до напади на новинари, кршење редакции... Нема партија во Македонија чии функционери тужеле, гонеле и поттикнувале насилство врз новинари од СДСМ, повеќе од партијата на Кирацоски. Почнувајќи од монтираното самоубиство на новинар во раните деведесетти во стан над Рекорд, до последните кршења редакции и тужби без крај и завршница.

Кирацоски има проблем со перцепција и писменост, тоа е познато. Да му објасниме што е лажна вест: тоа кога тој лани во јули на прес конференција објави дека Македонија добила датум за преговори со ЕУ, а преговорите почнуваат во 2019-та. Датум за преговори нема ни денес, година дена потоа, и цела Македонија е жртва на таа, и такви во низа лажни вести.

Кога сме кај вестите, можеби и лажни. Дали Кирацоски од некоја причина нему позната е нервозен поради пишувањата на Бранко Героски за сопственик на една телевизија и висок партиски функционер на власта кои рекетираат фирми и градоначалници за по 200-300.000 евра секој од нив? Има ли некоја порака во тие пишувања која го прави нервозен?

8,933

Најчитани вести