Вчеравечер, некаде околу 21:30 часот на крстосницата од булевар „Словенија“ и улица „Качанички Пат“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Даеву Матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(34) од Скопје и патничко возило „Фиат Стило“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(27) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „Фиат Стило“, О.С.(23) од Скопје кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобиле возачот К.Е. и сопатниците Ј.И.(23) и  К.Ф.(31) од двете возила. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

664

Најчитани вести