Поранешниот американски кошаркар и поранешната светска тенисерка број 1 од Данска се вистински спортски пар кој својата љубов од три години ја круниса со брак. Венчавката на Каролина Возњацки и Дејвид Ли се случила во Тоскана во Италија, а за луксузната забава која ја направиле за најблиските пријатели и роднини не штеделе пари.

Каролина во моментов се наоѓа на 14 место на ВТА листата и е поранешна светска шампионка, додека 36- годишниот Ли е пензиониран шампион на НБА од 2015 година со Голден Стејт.

На свадбата присуствувале голем број на спортски ѕвезди од светот на кошарката и тенисот, а улогата на деверица и припаднала на Серена Вилијамс. 

Инаку, фановите најмногу се израдуваа на фотките на невестата од моминската забава, а еве и зошто: 

1

Најчитани вести