Пратениците во канадската провинција Квебек го усвоија законот со кој им се забранува на вработените во јавните служби да носат верски симболи. Критичарите и залагачите гледаат на тоа како на обид франкофонскиот регион да го зачува својот идентитет, пренесува РТ.

Законот 21 беше усвоен со 73-35 гласа во Националното собрание во неделата. Со него им се забранува на државните службеници на позиции на авторитет – како што се наставниците, полицијата и владините адвокати – да носат верски симболи. Ова ги вклучува, на пример, христијански распетија, муслиманските шамии, турбаните кај Сиките и еврејските кипи.

Муслиманките кои носат бурка ќе бидат директно засегнати од одредбата која бара државните службеници да ги откриваат лицата заради безбедност или потврдување на идентитетот.

Пратениците, исто така, го одобрија Законот 9, кој наметнува нови тестови за француски јазик и вредности за идните имигранти за да го заштитат идентитетот на Квебек.

„Видете, ние можеме да зборуваме за семантика цел ден. И ние и вие знаете за што станува збортука”, изјави пратеникот и медиумски аналитичар Лајонел, сугерирајќи дека навидум секуларниот статут како гласник за антиимигрантските чувства.

Антонио Росини, професор на универзитетот Виндзор во соседното Онтарио верувам дека постои мешавина од обид да се зачува уникатноста на таа провинција и обид да се посочи на одредена имиграциска ситуација.

„Се сомневам дека ова би се појавило во поинаков историски контекст,” вели тој.

Росини смета дека многу Канаѓани носат верски симболи не како прикажување на својата вера, туку како изјава за нивниот идентитет и потекло. Во Канада, ваквата мерка изгледа несоодветна.

Коментаторот Гевин Мекинес посочи дека Квебек е многу различен од остатокот од Канада: провинцијата има јазична политика која го наметнува приматот на францускиот јазик, а нејзините жители – главно потомци на француски колонисти од раните 1600-ти – совршено ја зачувале својата земја во килибар, како некое праисториско вилино коњче.

Тој не се согласува со забраната за турбаните на Сиките и ја нарече забраната на еврејските  кипи апсурдна, но се согласи со забраната за бурката како нешто несоодветно со западната култура.

„Ако продолжите да го создавате овој меур, на крајот ќе наликувате на фашистј. Идејата за забрана на верските симболи изгледа фашистичка и тиранска, но Квебек би можел да се обиде да ја уништи политиката на идентитетот – освен сопствениот- уште во зародишот, вели Мекинес.

извор: Makfax

81

Најчитани вести