Јапонија нема да испрати воени сили во Оманскиот Залив по нападот минатата недела врз двата танкери таму, рече јапонскиот министер за одбрана, Такеши Ивеа, пренесува ТАСС.

„Не е јасно кој стои зад нападот, а немаше јапонски државјани на танкерите. Нападите не продолжија и нема потреба да се испраќаат јапонските одбранбени сили таму”, рече Ивеа.

Тој додаде дека Токио внимателно ги следи случувањата во регионот по ескалацијата на односите меѓу САД и Иран.

На 13 јуни, два танкери се запалија во Оманскиот Залив по нападот. Екипажите на танкеритебеа евакуирани од иранските спасувачки служби и беа однесени во пристаништето Јаск. Американскиот државен секретар, Мајкл Помпео, рече дека Иран е одговорен за нападите. Техеран негираше каква било вмешаност во инцидентот.

извор: Makfax

Најчитани вести