Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг центар во белградската населба Сурчин. Според српските медиуми, полицијата разговара со Драгослав Јовановиќ кој минатата недела пукаше во неговата сопруга, а потоа во себеси, по што по неколку дека им подлегна на повредите.

Како што пишува ,,Вечерње новости”, Јовановиќ е осомничен дека ги убил и трите лица чии тела се најдени во септичката јама. Како што пишува српскиот весник, станува збор за бизнис соработник на Јовановиќ, 42-годишниот Ш.Н., неговата 75- годишна мајка Ш.Д. и 80-годишната тетка П.М. Убиецот наводно пред да ги убие се изживувал врз нив.

Како што дознава Блиц, околу вратот на убиената 75-годишна жена имало врвка која на другиот крај била врзана за бетонски блок.

Трите лица исчезнале на 10 јуни. Драгослав Јовановиќ истата вечер на 10 јуни, после тројното убиство на друга локација, пукаше во својата сопруга и ја погоди со три куршуми во градите, а потоа си пукаше во главата. Исчезнувањето на трите лица во полицијата ги пријавил неговиот татко, кој изјавил дека се сомнева дека се убиени од неговиот син.

„Телата во лоша состојба се извлечени од водата. На нив се гледаат знаци на насилна смрт. Обдукцијата ќе покаже кога се убиени и со каков предмет“, изјавил извор близок до истрагата за српски Телеграф.

Според истрагата, Јовановиќ наводно ја повикал помошничката од својата перална, ѝ рекол дека има посебна задача за неа и дека добро ќе ја плати, но дека ќе мора да молчи. Жената потоа раскажала дека во неговото „БМВ x5“ имало траги од крв. Во меѓувреме бил пронајден телефонот на исчезнатиот Ш.Н. Се испитуваат мотивите, а не се исклучени и нерасчистените сметки во врска со работата која ја водел Јовановиќ.

извор: Makfax

3

Најчитани вести