Плановите на Техеран за зголемување на производството на ураниум, всушност, се политичка порака, напиша во вторникот на „Твитер“ постојаниот претставник на Русија во меѓународните организации со седиште во Виена, Михаил Уљанов, пренесува ТАСС.

„Како да се оцени одлуката на Иран да го забрза производството на нискозбогатен ураниум? Јасно е дека во оваа фаза ова е политичка порака оти Иран очекува поенергични напори за враќање на рамнотежата меѓу економските и нуклеарните делови на Заедничкиот сеопфатен план на акција поткопан од санкциите од САД“, пишува во твитот на Уљанов.

На 17 јуни портпаролот на Иранската организација за атомска енергија, Бехруз Камалванди, рече дека по 27 јуни, резервите на земјата од збогатен ураниум би можеле да го надминат лимитот од 300 килограми поставени во ЈПЦОА. Истовремено, според него, Иран ќе престане да извезува тешка вода и може исто така го надмине нивото на збогатување на ураниумот од 3,67 отсто според договорот.

извор: Makfax

Најчитани вести