Последниве месец дена полицијата имаше две големи акции против групата дилери од Арачиново од групата Беланоца, при што од полицијата беа на распит и некои од нивните корисници. При распитот е утврдено дека некои од корисниците дрогата, претежно кокаин, ја купувале за себе а некои и за понатамошна продажба, како сопственици и менаџери на ноќни клубови.

Меѓу оние кои биле на распит како корисници на дрога, според официјално непотрведени информации на Вечер, е и познатиот шарен активист Замир Мехмети, тукушто избран за советник во кабинетот на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски. Тој на распит дошол со адвокат.

Меѓу останатите има и имиња познати во јавноста, имиња кои се познати и на редакцијата на Вечер: едно од нив е поранешна телевизиска водителка, а потоа старлета која често ја гледаме на Инстаграм по егзотични плажи и скапи хотели. На распит бил и сопственик на голема компанија од Скопје која се занимава со продажба на компјутери и компјтерски елементи. Потоа, менаџер на еден од најголемите ноќни клубови лоциран во центарот на Скопје со поглед на Вардар, како и менаџер на друг клуб-кафетерија на скопскиот булевар Партизански одреди. Меѓу корисниците е и сопственик и уредник на еден радикален портал во функција на СДСМ.

Податоци за останатите испрашувани корисници и посредници ќе има на Вечер.мк и во наредните денови. 

Неколку менаџери на скопски клубови се сомнителни дека посредувале, или помагале во дистрибуција на дрогата која потоа ја купувале и користеле гости на клубовите такашто не е исклучено одговорност за нив, како и казна за ноќните клубови откако истрагата на скопското обвинителство ќе ги утврди формалните и материјални факти. 

 

 

5

Најчитани вести