Loading..

Иранскиот претседател Хасан Рохани во говорот што го емитува државната иранска телевизија изјави дека Исламската Република нема да води војна против која било нација, пренесува „Спутник“.

Роханирече дека страните што му се противат на Иран се група неискусни политичари.

Во четвртокот, два танкери за нафта наводно беа нападнати во Оманскио Залив, во близина на Ормускиот теснец. САД побрзаа да го обвинат Иран за наводно саботирање на танкерите.

По инцидентот, американскиот претседател Доналд Трамп нареди распоредување на УСС Мејсон, разорувач одна класата „Арлеј Бурк“, во областа, ефикасно проширувајќи го американското воено присуство во регионот.

САД и Иран доживеаја драматична криза во односите откако Трамп ги повлече САД од Заедничкиот сеопфатен план за дејствување во 2015 година, во потег кој го осудија другите потписнички на договорот. Вашингтон потоа продолжи да наметнува санкции против Иран.

Една година по повлекувањето на САД, Иран објави дека делумно ќе ги прекине своите обврски од договорот.

Неодамна, Организацијата за атомска енергија на Иран објави дека земјата ќе ги надмине ограничувањата за залихите на ураниум, наведени во нуклеарниот договор, и дека, исто така, може да ги надмине нивоата на резервите од тешка вода и ограничувањата во збогатувањето ураниум што се наведени во договорот.

извор: Makfax

Најчитани вести