Мебел-Ви како компанија постои од 1997 година, и веќе 22 година ужива најголема доверба кај потрошувачите во Македонија.

„Нашето семејство на задоволни купувачи и партнери, во земјата и странство, постојано се зголемува и расте благодарејќи на исполнувањето на поставената мисија да понудиме препознатлив квалитет со многу предности пред останатата понуда, функционалност кај нашите производи и исклучително купувачко искуство во своите големи продажни центри“, истакнуваат од оваа компанија за производство на мебел.

Освен на македонскиот пазар, Мебел-Ви во последните години значително го зголемува настапот и на странските пазари и бележ огромен раст на извозот на неколку нови пазари.

„Бројките од првите 5 месеци годинава покажуваат двојно зголемен извоз во однос на истиот период од ланската 2018 година. Анализата на извозните бројки покажува генерален раст на извозот во сите под-категории и од сите видови производи. Она што особено не охрабрува е зголемувањето на нашата партнерска мрежа низ Европа каде се достапни нашите производи. Според анализата, големиот раст на извозот на Мебел-Ви освен што се должи на освојувањето на нови пазари, се должи и на зголемувањето на обемот на работа во постојните земји каде извезуваме веќе подолг период“, информираат од компанијата.

Од таму нагласуваат дека гарнитурите и производите на брендот Мебел-Ви и премиум сегментот Mondivi, веќе се присутни и препознатливи на пазарите во соседните балкански земји како и во Австрија, Хрватска, Словенија и Романија, а во најава се и неколку нови договори за настап во уште неколку земји од Европската Унија.

„Една од новините со кои сме посебно горди е дека од 2018 година за прв пат сме директно присутни со наша понуда во Швајцарија каде на пазарот заеднички настапуваме со партнерска компанија со заеднички магацини, а веќе се планира како следен чекор и отворање на изложбен салон. Новина е и настапот во Унгарија каде сме присутни во неколку големопродажни ланци и првичниот фидбек кој го добиваме од нашите купувачи и партнери таму е охрабрувачки. До крајот на годината очекуваме влез и во неколку други меѓународни продажни ланци кои се присутни на унгарскиот пазар“, велат од Мебел-Ви.

Во претходните години компанијата работи напорно на зголемување на производниот капацитет, инвестира многу во софистицирана технологија за секој дел од процесот на производство на мебел и обезбедува пристап до најдобрите добавувачи на суровини кај нас и во светот.

„Сето ова ни овозможи да се фокусираме на создавање на исклучителна понуда со строго контролиран квалитет со која, освен на нашиот пазар, станавме конкурентни и на Европскиот пазар на мебел. Постојаното усовршување и едуцирање на тимот кој брои повеќе од 180 висококвалификувани вработени ни дава уште една сериозна предност и не прави посебно горди на ова наше Мебел-Ви семејство“, истакнуваат од компанијата.

(ПР текст)

извор: Makfax

1

Најчитани вести