Најдоцна до петок владеачката партија ќе излезе со предлог за владината реконструкција.

Ова го очекува и министерката за одбрана Радмила Шекеринска која според кажаното во синоќешното гостување во емисијата Топ тема рече дека најавената реконструкција ќе се случи.

-Очекувам дека до петок, предлогот за реконструкција ќе биде доставен во Собранието-кажа Шекеринска која потенцираше дека следуваат и системски промени на делување во интерес на граѓаните.

Иако се очекуваше поголема реконструкција само осуммина министри ќе ги предадат фотелјите.

Извесно е дека министерот за земјоделие Љупчо Николовски заминува од функцијата и продолжува во партијата.

Извор: faktor.mk

1

Најчитани вести