Довербата во процесот за проширување на ЕУ ќе претрпи голема штета ако веднаш не почнат преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија, изјави на прес-конференција високата претставничка на Унијата за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини.

Според неа, двете земји се подготвени и оти во интерес на ЕУ е Западен Балкан да стане дел од заедницата. Според Могерини, Унијата не треба да се откажува од „најефикасниот инструмент за постигнување мир”.

„Се надевам дека земјите од ЕУ ќе донесат мудра одлука за итно започнување на преговорите“, изјави Могерини. Советот на Европа прашањето треба да го разгледа на утрешната седница во Луксембург.

извор: Makfax

9

Најчитани вести