Италијанскиот режисер, Франко Ѕефирели почина на 96 години, по долга болест која во последниве месеци се влошила, пренесоа италијанските медиуми.

Последните години ги минал во количка, опкружен со писма од пријатели и обожаватели во големата вила во предградие на Рим. Фондацијата на својата интернет страница ја постави неговата фотографија и зборовите „Чао Маестро“. Информираат и дека режисерот ќе биде погребан на гробиштата „Порте Санте“ во Фиренца.

Филмографијата на Ѕефирели вклучува дваесетина филма од кои особено останаа забележани „Скротената горопадничка“ (Кротењето на опаката – во македонски препев на Драги Михајловски) од 1967 и со Елизабет Тејлор и Ричард Бартон во главните улоги, и со драмата „Шампион“.

Меѓу делата на Ѕефирели се и филмот „Брат Сонце, сестра Месечина“ за животот на средновековниот свет Франциск Асишки, „Исус од Назарет“ кој е снимен по нарачка на Ватикан, мелодрамата „Шампион“, како и филмските адаптации на оперите „Палјачи“, „Травијата“, „Отело“. Подоцна следеа и екранизациите на „Хамлет“, „Врабец“, „Џејн Ејр“, како и „Чај со Мусолини“. Последниот филм „Калас засекогаш“, Ѕафирели го сними во 2002 година.

извор: Makfax

1

Најчитани вести