Loading..

Актуелниот претседавач на Претседателството на БиХ Милорад Додик на негов својствен начин повторно ја бранува тамошната јавност но и пошироко. Без дипломатски ракавици, Додик не сакал да има проштална средба со германската амбасадорка во зминување – Кристијан Хоман, поради како што објаснил, работела на “штета на Србите“.

Меѓутоа не се здоволил со тоа што медиумите во Сараево го оцениле како скандал, Додиќ во писмо до амбасадорката и порачал дека нејзините јавни настапи и дипломатски активности биле политички обоени, субјективни и дипломатки непримерни, и најавил дека за тоа ќе ги извести и највисоките претставници на Германија.

Дали политичарот е познат по тоа што мимо политичките правила, без влакна на јзик, овој пат ги заобиколил правилата на дипломатијата или неговиот евентуален недипломатски став е во суштина одговор на недипломатско однесување на амбасадорката која тоа не смеела да си го дозволи?

Мирослав Паиќ, некогашен амбасадор, сега претседател на Српско надворешнополитичкит круг, вели дека ставот на Додик да не ја прими амбасадорката не гледа преседан. Тој напоменува дека и тој кога заминувал од Мексико каде што бил амбасадор, не го примил претседателот на таа држава.

“Претседателот Додик сугурно имал причини зошто така постапил. На крај од својот престој на некој амбасадор кој најголемиот дел од времето го поминал во подривање на авторитетот на бившиот претседател на РС, а сега преседавач на БиХ, тоа од негова страна верувам дека било демонстрација и реакција на однесувањето на странски претставници во БиХ кои недолично се однесуваат за еден дипломатски претставник“.

“Кога ќе се сумираат сметките од тригодишниот престој на германската амбасадорка во БиХ, што се однесува на РС очигледно дека тука немало рамнотежа во нејзината поставеност и дека тоа би се свело на една цемонија без содржина. Тоа не е добро. Вака претседателот Додик со овој чин исптарил порака за идниот германски амбасадор“- смета Паиќ.

Тој ја потсетува Хоман дека не е единствена амбасадорка од Запад на која упатувал забелешки поради небалансирано работење кон два идентитета во БиХ и отворена подршка на муслиманско-хрватска Федерација со активно залагање за ревизија на Дејтонскиот мировен договор. Најчесто забелешки имал на сметка на бившата американска амбасадорка Корин Кормак.

Ова е порака до германската влада дека постои црвена линија на трпение и толеранција, и дека сега е момент да им стави до знаење на сите, со обзир на функцијата на која се наоѓа сега.

Најчитани вести