Ако има место каде што не би сакале да живеете, тоа е, секако, забранетата зона на Чернобил. Сепак, колку што мислата за животот во оваа област звучи застрашувачка, постои мала заедница на луѓе кои одлучија да му се спротивстават на невидливиот непријател и да не го остават најсмртоносниот дел од нашата планета.

Хана, Валентина и Марија се обични баби, кои одлучија да не ги напуштат своите домови во регионот на Чернобил. Како што велат тие го делат својот радиоактивен живот со секојдневни посетители, војници, научници, авантуристи и оние кои едноставно бараат адреналин.

Имено, иако целата зона била раселена, тие одлучиле да се вратат во своите домови, и покрај сите предупредувања и забрани што биле во сила. Затоа, за нив и нивната неверојатна животна приказна за одлуката да се вратат и покрај сите опасности по здравјето, беше направен документарен филм во режија на Ана Богарт и Холи Морис.

Како што и самите рекоа, покрај катастрофата во Чернобил, тие биле во опсада и глад, во триесеттите години под Сталин, до нацистичката окупација на Втората светска војна.

Сепак, фактот дека сè околу нив е радиоактивно, не и претставува проблем на Хана Завортини, по колењето свињи, да топи чварки, како и да готви домашна каша, иако е забрането од ова поле да се јаде што било.

Како што велат, животните полека се враќаат во нивното место, така што во забранетата зона можат да се видат волци, диви свињи и други диви животни.

Нивниот живот може да се нарече пост-апокалиптичен, со каков што гејмерите се соочуваат во видео-игрите.

Според приказните на бабите, нивните сопрузи живееле со нив, но тие починале пред многу години, оставајќи ги да живеат сами во домовите на предците во најранливата област на планетата.

1

Најчитани вести