Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска, 14 јуни, наполнила 46 години, но на изненадување на многумина оваа година ќе ги удостои само своите и најблиски пријатели, а за сето тоа е “виновна“ нејзината ќерка Анастасија.

- Јас, во принцип секогаш го славам роденденот. Оваа година одлучив да не славам, бидеј, онака баш најдобро си поминавме на роденденот на Анастасија. Таа го пролонгираше својот роденденот, со што се доближи, па си реков дека добро си поминавме, нема потреба за мојот (се смее) Имам и некои работни обврски, па здравје Боже до година...

На што прво помислувате кога се во прашање желбите и родендените? 

- На семејството.

Имало ли некои изненадувања точно на полноќ?

- Секако имало изненадување точно на полноќ.

Што кај вас се менува од година во година? Што уште една година повеќе или помалку значи во вашиот живот?

- Ништо. За мене годините се само бројка, најбитно е како човек се чуствува и каков живот живее.

- Покрај се што имате, што себе би си посакале?

Првенствено здравје. Оние елементарни желби кој секој човек ги има. Здравје – за себе, за децата, семејството, најблиските. И тоа е тоа. Немам некои големи желби...

Со обзир на тоа дека сте реализирани и како пеачка и како мајка, сестра, ќерка, како и на слава и завидна кариера... постои ли нешто што не сте оствариле во вашиот живот?

- Човекот цел живот си поставува некоја цел. Во прашање е личност, дали си поставува тешки или оние реални... Јас никогаш не сум била мегаломан, мислам дека сите се остварливи.

Најчитани вести